Одговор на новинарско прашање, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
ДПМНЕ самите потврдија дека ги лажат пензионерите.
Повлекувањето на потпретседателката на ДПМНЕ, јавно на телевизија дека не станува збор за ветување за зголемување на пензиите за 5.000 денари туку на рати и до 10 пати, односно по 500 денари е само уште една потврда на она што го говориме: со ДПМНЕ нема поголеми пензии.
Тоа беше јасно уште кога го изнесоа ова лажно ветување.
Колку што има бесплатен превоз во Скопје толку ДПМНЕ може да направи и пензионерите.
Се околу ДПМНЕ е една голема лага.
Пензионерите знаат дека покачувања на пензиите има со СДСМ и дека пензиите ќе продолжат да растат само со СДСМ. Вистински и реално. СДСМ веќе ги има зголемено пензиите и тоа за над 5.000 денари.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија. Со СДСМ пензиите ќе растат и понатаму, реално и значително.