Соопштение за јавност
Mоменталната блокада на уставните измени и блокадата на нашите евроинтеграции има име и презиме. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Од таа одговорност нема да можат да се ослободат колегите од ВМРО-ДПМНЕ, колку и да сакаат, затоа што ние веќе година и половина се обидуваме на повеќе начини, со директни разговори, со пристапување, со јавно апелирање, со пораки од сите европски и светски лидери, кои што дојдоа во Скопје, во Северна Македонија, во нашиот Парламент, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ во интервју за агенцијата МИА.
Маричиќ нагласи дека владата и мноштвото граѓани се убедени дека уставните измени не се таква концесија, таква отстапка, која што ќе наруши било што кај нас, туку напротив само ќе го зајакне концептот на успешна мултиетничка демократија и ќе ги отвори вратите за продолжување на преговорите.
Затоа таа одговорност за блокирање на сопствената држава, ќе остане и лежи кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и кај партијата. Јас се надевам дека што поскоро ќе има разумно размислување и ќе се направи ова, затоа што успехот ќе биде заеднички и потоа може да се продолжи понатаму, истакна Маричиќ, додавајќи дека во спротивно и на изборите ќе остане истата дилема и ќе се соочат два блока, едниот блок – европски фронт, кој што ќе работи и работи интензивно на зачленување на Северна Македонија во Европската унија до 2030 година и другиот блок што ќе нуди повторно преговарање, повторни кавги, изолација со соседите и од сите текови во оној тунел во кој што бевме 11 години.
Ни се отвора вратата пред членството и тоа треба да го цениме затоа што ние заборавиме дека само пред седум години извештаите на Европската комисија звучеа страшно, укажуваа на заробена држава кај нас во Северна Македонија. Денес сме во ситуација каде што за само седум години можеме да очекуваме да бидеме членка на Европската Унија и тоа е една суштинска разлика што ние треба да ја сфатиме како наша шанса. Имаме реална прилика за седум години да биде таму каде што сме сакале и сме мечтаеле да бидеме повеќе децении, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во интервју за МИА.