Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
„Почитувани граѓани,
ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ.
Се виде, се покажа, Христијан Мицкоски се што кажа излажа.
Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата?
Нели велеше дека прифаќа се само Влада без ДУИ не прифаќа?
Епа толку, пу пу не важи.
ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.
Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ зошто ги лажеше?
Зошто ја проблематизираше техничката Влада?
Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа?
Како сега одеднаш може во Влада со ДУИ?
Почитувани граѓани,
Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните туку фотелјите, власта, и ништо друго.
На Христијан Мицкоски не може да му се верува.“