fbpx

Ништо од најавите на ДПМНЕ, Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавање пасоши

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ништо од најавите на ДПМНЕ. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека неможе да го реши проблемот со издавањето пасоши.

ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.

Од прв ден како влегоа во техничката Влада одеднаш ништо не важи.

Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР рабоело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните.

Последни вести