fbpx

ДУП-то во Ѓорче Петров е на директна штета на граѓаните на Карпош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,Владимир Бислимовски, советник во Советот на општина Карпош

Додека градоначалникот Стојковски на Општина Ѓорче Петров ја обезбедува Општината за една декада, ја уништува Општина Карпош доживотно.

Со новиот катастрофален и експресен ДУП на Општина Ѓорче Петров, се доведува во прашање здравјето на граѓаните на Општина Карпош, воедно и на Град Скопје со поставување на 3 Хемиски фабрики во непосредна близина на бунарското подрачје Лепенец.

На товар на инфраструктурата на Општина Карпош се и новите 7.000 до 10.000 жители, односно дополнително оптеретување на сообраќајот како и водоводните и канализационите мрежи во Општината.

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош најстрого го осудува носењето на овој ДУП и застанува на страна на граѓаните на општината, ќе ги употребиме сите правни основи за стопирање на истиот.

Последни вести