fbpx

СДСМ ги поднесе законските измени, нема да пораснат платите на функционерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите.

Пратеничката група на СДСМ денека поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите избрани и именувани функционери.

Со измените на законите постоечките коефициенти на плати се намалуваат со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.

Пратениците на СДСМ поднесоа измени на 6 закони:

Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица,
Законот за пратениците,
Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители
Закон за платите на судиите
Закон за платите на јавните обвинители и
Закон за платите на членовите на судскиот совет.

Сите по скаратена постапка.

Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица ова е единственото уставно решение.

Пратеници, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица се опфатени со овие законски измени.
Очекуваме поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

Сите да покажеме солидарност и да ги поддржиме овие законски измени а парите наместо за поголеми плати на функционерите да завршат кај граѓаните.
Со СДСМ во изминатите години растат платите и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Просечната плата достигна историски највисоко ниво од 40.000 денари и ние така ќе продолжиме.

Последни вести