fbpx

ДПМНЕ и лично Мицкоски да се извинат за сите лаги за трагичниот случај со малата Вања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

ДПМНЕ, Ковачки, Јанушев и лично Христијан Мицкоски треба да излезат и да им се извинат на македонските граѓани и на македонската полиција.

Одделот на внатрешна контрола на МВР по спроведите провери и контроли констатирала дека во грозоморниот случај со малата Вања и чичко Панче полицијата постапила соодветно, согласно предвидените процедури и планови, за нивно навремено пронаоѓање.

Воедно, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка кон било кого.
Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачки, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги.

Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањето.

Сите нивни лаги денеска се потопени.

Се потврди дека ДПМНЕ е единствена партија која злоупотребува вакви случаи со лаги.

Сите надлежни институции покажаа посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување.

Мицкоски и ДПМНЕ да излезат и да се извинат за безобраните лаги!

Последни вести