fbpx

Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, со нив нема ЕУ, нема надеж за подобро утре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, СДСМ, Даниела Николова, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Изборот на претстојните избори е помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување.

Глас за СДСМ и Стево Пендаровски е глас за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ.

Изборот на ДПМНЕ и Силјановска значи изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.

Кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

Во македонското Собрание во изминатите четири години застана зад активната блокада, со којашто се попречувааа пакетите помош за граѓаните, антиктизните мерки, но се блокираше и европската иднина на државата.

Застанувањето зад политиките на изолација и безнадежност како главна карактеристика на партијата од Белата палата е сериозен товар за Силјановска.

Токму затоа, на сите им е јасно дека глас за Силјановска е глас за враќање назад, глас за оддалечување на државата од Европската Унија.

Таа не се спротивставува на погрешните политики на Мицкоски туку ги поддржува.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде реприза на Иванов, партиски послушник на белата палата ќе го слуша само гласот на партијата наместо гласот на сите граѓани.

Со Мицкоски и Силјановска државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат потоа Европската Унија.

Нема откажување од европската иднина.

Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски.

Ќе кажат НЕ на изолација и враќање назад.

Последни вести