fbpx

Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ, ништо не е променто во оваа партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.

Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија.

Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи.

Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти.

Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој.

Така е и овој пат со новите лажни ветувања.

ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ.

Последни вести