fbpx

Враќање назад кон режимот на ДПМНЕ може да спречи со глас за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Се потврдува она што го говориме- нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото.

Гледаме обиди на најбрутален начин, со апсење новинар кој објави афера за ДПМНЕ да се врати ВМРО-МВРО.

Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира со покажување сила, обид за замолчување и заплашување новинари.

Со истите методи на режимот на Никола Груевски.

Одговорност за овој чин мора да има, особено што според јавните искази како е спроведено апсењето, има основано сомнение за бројни прекршувања на законските процедури.

Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде апсен новинар. Напротив, се врати слободата и демократијата и 7 години постојано се унапредува.

Така, во 2023 година Македонија се искачи на 38 место на индексот на Репортери без граници за слобода на медиуми, во споредба со периодот на ДПМНЕ кога беше на 123 место.

Почитувани граѓани, евидентна е разликата,

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим далеку од Европа.

Тоа можеме заедно да го спречиме, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија со Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски.

Последни вести