fbpx

Глас за Пендаровски е глас за европска иднина на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на претседателот на СДММ, Марко Михаиловски

СДСМ во изминатите години направи грешки и ние го признаваме тоа.

Спремни сме да учиме од нашите грешки и да се менуваме.

Сепак, една многу важна работа ја направивме правилно – Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија.

Членството во Европската унија е важно за иднината на Македонија но пред се и над се за иднината на младите.

Тоа е единствената шанса за вистински промени и напредок каков што очекуваат младите.

Со членство во ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во образованието, судскиот систем, здравството.

ДПМНЕ и Силјановска ќе го закочат, ќе го блокираат патот кон ЕУ а младите немаат време за губење

Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на младите.

Глас за нови можности за младите, подобро образование, пристап до финансии и фондови, за нови и добро платени работи места, за подобар животен стандард, тука, дома.

Младите не се откажуват од иднината.

Последни вести