fbpx

Ристески: 700.000 денари одвои Владата за техничка документација за водовод во Долно Лисиче

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Милутин Ристевски, советник во Советот на општина Аеродром

Нови 700.000 денари одвои Владата предводена од СДСМ за граѓаните на Општина Аеродром.

Овие средства се наменети за изработка на техничка документација за изградба на нова водоводна мрежа за жителите на улиците 2, 4 и 20 во Долно Лисиче.

Ова ги решава проблемите со снабдувањето со вода, со кои се соочуваа жителите на овој дел од Долно Лисиче.

Општина Аеродром е една од вкупно 27 општини ширум државата кои во февруари годинава добија средства на конкурсот за проекти од областа на животната средина, спроведен од Министерството за животна средина.
СДСМ подеднакво се грижи за жителите на сите општини во државата, спротивно на лажните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

За потсетување, доградбата и надградбата на ОУ „Блаже Конески“ е капитална инвестиција за која 100 милиони денари одвои Владата од централниот Буџет за 2024 година. Дополнително, 70 милиони денари годинава беа одвоени и за изградба на нов објект на клонот Изворче, на детската градинка Срничка.

Владејачкото мнозинство во Собранието предводено од СДСМ, во амандманската расправа за Буџетот за 2024 година, прифати амандмани на опозицијата со кои се обезбедија вкупно 170 милиони денари.
Со прифаќањето на овие амандмани се овозможи надградбата на ОУ Блаже Конески и изградбата на новиот објект на ДГ Срничка.

Оваа инвестиција го решава проблемот со недостаток на места во училиштата и градинките на територија на Стар Аеродром.

Парламентарното мнозинство даде поддршка за овие амандмани со цел да го поттикне развојот на општините и да создаде услови за рамномерен регионален развој.

Владата предводена од СДСМ покажува на дело како се грижи за сите граѓани, без притоа да има било какви политичко-партиски, етнички и други приоритети.

Приоритет број еден за СДСМ се граѓаните.

Последни вести