Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
Додека во секоја нормална држава, одговорната власт би презела мерки за да ги заштити своите граѓани од ударите на инфлацијата која се покачува, оваа власт прави токму спротивното – со својата пасивност, тие стануваат соучесници во секое празнење на вашиот паричник. Цените растат, граѓаните осиромашуваат, а ВМРО-ДПМНЕ ја одгледува својата неспособност зад празни зборови и оправдувања.
Ова не е само неспособност – ова е предавство на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја покажа својата вистинска страна, и таа е страна на ароганцијата, на незаинтересираноста за секојдневните проблеми на луѓето и на заштитата на нивните лични интереси. Се се сведува на гол пропаганда и ПР со кој ни ги мачкаат очите.
СДСМ неколку пати понуди вистински одговор на овие предизвици. Покачување на минималната плата, покачување на платите на сите работници, реално намалување на цените. СДСМ знае како ова се прави затоа што тоа го правеше седум години наназад. Но арогантното ВМРО-ДПМНЕ не прифати ништо, ниту еден амандман за буџетот, ниту една предлог мерка предложена од пратениците.
Граѓаните заслужуваат подобро. Заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе ги штити нивните интереси и која ќе се грижи за нивната иднина. Затоа, денес испраќаме порака – оваа власт ќе биде повикана на одговорност, а СДСМ ќе продолжи да се бори за вистинските вредности.