fbpx

Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со своите постапки треба да биде пример за одговорно и независно постапување и одлучување а не да остава сомнежи за својата работа.

Последната скандалозна одлука за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и сомнежите за судир на интереси во самата ДКСК фрлаат црна дамка на работата на комисијата и ја поткопува довербата во оваа важна институции.

Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот Универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само 1 година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката.

Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.

Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.

Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција.

Последни вести