Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка
СДСМ: Цените останаа превисоки, граѓаните празниците ги поминаа потешко
Не гледаме дека има контроли и инспекции, власта и досега имаше време да го направи тоа. Повеќе пати СДСМ реагираше и ја известувавме јавноста за една класична манипулација со кошничката којашто ја воведе власта. Прво им дозволија на трговицте да ги покачат цените а потоа ги замрзнаа цените онакако како што беа покачени. Самите граѓани овие празници ги поминаа потешко, цените навистина беа повисоки. Дури и за основните производи кои што секој треба да ги има за овие празници на маса. Да видиме дали воопшто ќе има контроли. Дали власта ќе покаже дека е на страна на граѓаните или дефинитивно ќе се потврди фактот дека се на страна на трговите.