Прес конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, Комисија за обраозвание
Нема зголемување на платите од 12%, Јаневска и Мицкоски го деградираат и трудот на наставниците
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го изразува своето незадоволство и загриженост за третманот кој актуелната власт, предводена од Христијан Мицковски и министерката Весна Јаневска, го покажува кон просветните работници.
Додека трошоците за живот растат и се поскапува, граѓаните и работниците имаат се помалку пари, власта на ДПМНЕ ги останава на цедило и наставниците.
Наместо да го вреднуваат трудот на наставниците и да обезбедат вистинско подобрување на нивниот животен стандард, Власта со потценувачки решенија го деградираат достоинството на оваа благородна професија.
Според законската обврска, платите на наставниците требаше да бидат зголемени за 12,15% од септември 2024 година, што би значело просечно зголемување од 4.300 денари.
Но, тоа не се случи. Реалноста е понижувачка – зголемувањето од едвај 5% пристигна дури во октомври, оставајќи ги наставниците без заслуженото за нивниот труд.
Со ова наставниците и просветните работниците се оштетени.
Дополнително, најавените зголемувања од 7,5% во март 2025 година и нејасните ветувања за идни зголемувања од 7,5-10% секој март се далеку од тоа што им следува и што треба да го добијат просветните работници.
Секако и далеку од она што го реализираше СДСМ во изминатите години.
Во периодот од 2017 до 2023 година, платите на наставниците беа зголемени кумулативно за над 55%, со шест континуирани зголемувања, почнувајќи од 2019 година.
Фактите се следни:
• Во 2016 година, основната плата на наставник во основно образование беше 21.100 денари. До септември 2023, таа достигна 33.640 денари.
• Во 2016 година, основната плата на наставник во средно образование беше 21.950 денари. До септември 2023, таа достигна 35.200 денари.
СДСМ покажа дека образованието е приоритет. Го воведовме Законот за наставници и стручни соработници, што овозможи кариерен развој и напредување во звања. Преку јавни повици, за првпат беа назначени наставници-ментори во основните училишта, со цел подигнување на нивниот професионален статус.
Актуелната власт, за жал, го запостави овој процес. Законите што се однесуваат на унапредување на образованието се вратени од собраниска процедура, а ветувањата за реформи остануваат само празни зборови.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги препознае вистинските приоритети. Пари за образование има, прашањето е само за што се користат. Наставниците заслужуваат достоинствен третман и вистински услови за работа.
СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на условите во образованието. Образованието е темелот на нашата иднина, а достоинството на наставниците мора да биде заштитено!