Прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршен одбор на СДСМ
Почитувани граѓани,
Здравството е во тотален хаос, ништо не функционира, нема лекови, нема соодветни услуги, не работат важни центри.
Со последната скандалозна одлука на министерот Таравари и ДПМНЕ загрозен е животот на најкритичните пациенти.
Таравари наредил да не се праќаат пациенти на КАРИЛ (Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување) поради реновирање на болницата.
Пациентите на кои им е неопходна интензивна нега и најсовремени апарати, на кои животот им зависи од третманот што можат само на КАРИЛ да го обезбедат се оставени сами и без алтернатива.
Оваа скандалозна одлука предизвикува сериозна загриженост, во болниците не постојат одделенија за интензивна нега, ниту доволно ресурси за да се третираат животозагрозувачки пациенти.
А нема ниту најава за алтернатива ниту пак кога ќе се заврши оваа нивна голгота.
Зошто власта не обезбедила соодветни алтернативи за овие пацинти? Зошто не се направил план каде ќе бидат згрижени со соодветен третман?
Министере Таравари хипократовата заклетва не е само теорија, водите сектор од кој зависат животи, а не бизнис интереси.
Цената на вашата неспособост ја плаќаат граѓаните. Недозволиво и да си поигрувате со животи.
За осум месеци го распаднавте здравството. Нема клиника на која нема проблем, нема пациент а кој не е соочен со недостиг на соодтветна терапија или здравстена услуга.
Најтешките онколошки пациенти беа оставени без потребната терапија, цел месец, не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер, деца умираат на Клиниката за детски болести.
На здравствениот систем му се случува хуманитарна катастрофа и тоа е последица на целосната неспособност на ДПМНЕ и Таравари да управуваат со секторот здравство.
Мора да има одговорност за ваквиот напад над здравјето и животите на луѓето. Животот на пациентите, посебно на оние во критична состојба, не смее да биде на коцка заради неспособноста и непромислените одлуки на власта.