fbpx

Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Коалиционите партнери во власта, ВЛЕН, ДПМНЕ и ЗНАМ, државата ја третираат како партиски пашалак за задоволување на нивните партиски и бизнис интереси.

Меџити гордо најавува вдомување на 3.000 партиски кадри во администрацијата додека ДПМНЕ на ангро вработува, синови, сестри, тетки и стрини на нивните партиски функционери.

Ова е директна потврда на предупредувањата на СДСМ за масовна партизација на институциите од страна на ВЛЕН и ДПМНЕ.

Овој дил на Мицкоски и Меџити, претставува целосно отстапување од ветувањата за мерит-систем, професионализација и праведна држава.

Масовната партизација на институциите пред изборите ќе значи претворање на јавната администрација во партиски штабови.

Додека граѓаните мака мачат со катастрофалната економска состоја, додека младите масовно се иселуваат власта се грижи само за тоа колку партиски војници ќе вдоми на грбот на народот.

СДСМ бара итно стопирање на сите партиски вработувања и темелна проверка за можен организиран план за масовна партизација.

Македонија не смее повторно да стане заробена држава на ВЛЕН и ДПМНЕ.

Последни вести