fbpx

Филипче: Оваа трагедија не смее да нè подели, туку да нè обедини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Филипче: Оваа трагедија не смее да нè подели, туку да нè обедини

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека партијата останува посветена на откривање на вистината и обезбедување правда по трагичниот настан што ја потресе земјата.

„Ние сме одговорна и државотворна партија. Ќе излеземе во пресрет на сите иницијативи што водат кон идентификување на причините. Истовремено, како партија го нудиме целиот наш капацитет – човечки и интелектуален – за да помогнеме во овој процес“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека ова е момент кога општеството мора да биде сплотено и дека секој акт на морална одговорност ќе биде поздравен.

„Сега не е време за поделби. Треба да покажеме верба во принципите, во правдата и во институциите. Секој што носи одговорност мора да се соочи со последиците, а секој чин на морална одговорност е добредојден“, рече Филипче.

Дополнително, тој апелираше до безбедносните служби внимателно да ги следат состојбите и да спречат евентуални обиди за продлабочување на кризата.

„Нашето мултикултурно и мултиетничко општество не смее да биде жртва на несигурност и тензии. Институциите мора будно да следат и да спречат секоја можна дестабилизација“, предупреди Филипче.

Во заклучок, тој истакна дека трагедиите можат да уништат, но и да зајакнат едно општество.

„Од нас зависи како ќе излеземе од оваа трагедија – како држава што научила лекција и донела правда или како општество што дозволило ова да се заборави. Вечна им слава на починатите. Македонскиот народ нема да ја заборави оваа трагедија, а наша обврска е да осигураме дека никогаш повеќе нема да се повтори“, заврши Филипче.

СДСМ останува доследна на својата одговорност и поддршка во оваа тешка ситуација.

Последни вести