Прес конференција, Кристина Костова – потпретседателка на СДСМ
Вработените во Културата понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор
Почитувани,
Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права.
За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари.
Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.
И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања.
Се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност.
Власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени.
Изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. Наместо јасна поддршка – нова доза понижување на вработените во културата.
Во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор, а платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска
Ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата.
Бараме итна реакција Министерството за култура да постапува според закон, а не според лични инструкции.
Вработените во културата заслужуваат достоинство, сигурност и почит. Платата не е милостина. Таа е право.