Изјава за медиуми, Бојан Цветаноски – претседател на ЛК СДММ Прилеп
СДММ: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ?
Денеска поставуваме сериозно и алармантно прашање: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност?
Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем.
УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат?
Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок.
Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства.
Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.
Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот.
Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием!
Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана.
Очекуваме одговори од МВР и Панче Тошковски.
Дали е ова фалсификат?
Нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ова се потврди, ќе бараме кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.