Нема нова пречистистелна станица во Охрид, уште едно нереализирано ветување, граѓаните се излажани од градоначалникот Пецаков.
Почитувани,
Денес сме тука да ги потсетиме трпејчани и охриѓани на едно нереализирано ветување кое актуелниот градоначалник Кирил Пецаков го даде пред скоро четири години: изградба на пречистителна станица.
Па се прашуваме:
Дали вие локални шерифи имате барем еден капитален проект кој е ваш резултат – замислен, започнат и завршен во вашиот мандат?
Или целата стратегија ви беше маркетинг, обвинувања, и користење на туѓи успеси за личен рејтинг?
Граѓаните на Охрид заслужуваат одговорна и визионерска власт. Не власт која на крај од мандатот почнува да „симулира активност“.