Соопштение за јавност
Груевски, Трајановски, Трајковски мора да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња поради недостиг на канализации!
Надзорната расправа мора да продолжи со работа. Овие тројца, Груевски, Трајановски, Трајковски мора да се појават на расправата и да се соочат со фактите за сопствената неодговорност.
Одговори мора да дадат сите институции инволвирани во трагедијата со поплавите во скопско.
Порачуваме дека времето за работа на Надзораната комисја можеби е кусо – се ближи распуштањето на Парламентот и на таа карта играат Груевски и соработниците.
Но долго е времето во кое што Груевски и неговите послушници ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи.
По промените на 11-ти декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за потребите на граѓаните.
Сите одговори за злоделата врз граѓаните, ќе одговараат.
Скопје, 27.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА