fbpx

СДСМ: Власта се заплетка со скандалот, кој лаже Бојан Христовски или Мицкоски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Власта се заплетка со скандалот, кој лаже Бојан Христовски или Мицкоски?

Власта се заплтка со наводниот скандал. Без докази, случајот кој власта се обидува да го претстави како наводно незаконско прислушкување се претвора во политичка фарса.

Додека јавноста очекува факти и докази власта бега од најважното, деклаисификација на документите за да се види целата вистина.

Зошто не се деклаисифицирани документите? На кого му пречи вистината?

Мицкоски тврди дека бил следен и прислушуван. Директорот на АНБ, Христовски, зборува за „оперативна обработка на таргетирани лица“. При тоа воопшто не споменува дека премиерот бил цел. Ова се сосема спротивни, констрадикторни изјави.

Кој лаже тука, Бојан Христовски или Христијан Мицкоски?

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот. Јавноста мора да дознае дали навистина имало незаконско следење или станува збор за уште една во серијата политички конструкции на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт веќе низа пати приредува спектакли без епилог, такви беа најавите на Мицкоски за „следење со дронови“, за наводен „поткуп од странски компании“, за „планови за дестабилизација“.

И за овие случаи не се објавија никакви докази и сите исчезнаа без никакви резултати, без разврска а институциите молчат до денеска.

Ако Мицкоски навистина верува дека бил незаконски прислушуван, тогаш прв треба да повика на целосна декласификација. Секое бегство од тоа е доказ дека случајот е политички театар со политички мотиви.

Вистината мора да излезе на виделина. Веднаш декласифицирајте ги сите документи.

Последни вести