fbpx

Шекеринска: Ќе ги заштитиме жените од насилство според меѓународната Конвенција!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска придружувана од претседателката на Форумот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова и претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска, денеска се сретна со извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство Елена Димушевска.

На средбата се разговараше за унапредување на системот за заштита на жените –жртви на сите форми на насилство.

-Семејно насилство во каков било облик е недозволиво да се случува во 21-от век. Во нашата Програма се обврзуваме на воспоставување на целосна територијална покриеност со услуги за заштита на жени – жртви и нивните деца, од секаков вид насилство. Преку социјални партнерства на државата со граѓански здруженија ќе обезбедиме соодветна специјализирана и квалитетна поддршка во едукација, превенција и помош во услови на семејно насилство. Се обврзуваме на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство (Истамбулска конвецнија), рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

 

 

 

 

Последни вести