Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Мицкоски
СДСМ не само што не се плаши туку бара целосна декласификација
СДСМ не само што не се плаши од вистината, туку ние ја бараме – и тоа веднаш.
Затоа бараме целосна декласификација на документацијата поврзана со случајот во АНБ и нивна јавна објава.
Поотворено и појасно од тоа нема.
Прашањето не е СДСМ, туку зошто јавната објава и декласификација на сите материјали го плаши Мицкоски?
Бегањето од објава на документите, криењето зад изјави без докази и пласирањето на манипулации се доволно силни индикатори дека Мицкоски сака нешто да сокрие и дека тој се плаши.
Кога Мицкоски тврди дека бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски го демантира и вели дека не станува збор за прислушување – кој лаже?
Единствен начин да се расчисти кој тука лаже и кој се плаши е преку декласифицирање на сите документи.
Ајде, декласифицирајте и објавете ги сите документи.
Граѓаните имаат право на вистина – без шпекулации, без манипулации, без прикривање.