fbpx

Република нема пријавено никаков проблем во СДСМ за што пишуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во врска со написот во Република за наводен инцидент пред седиштето на СДСМ, соопштуваме дека никој нема пријавено во партијата каков било проблем, ниту пак имаме информација дека пред седиштето на партијата имало медиумски работници кои сакале да снимаат.

Во текот на денешниот ден никој од порталот или весникот Република не искажа интерес за посета на партијата, за изјава или какво било снимање или контакт.

СДСМ е отворена партија којашто отсекогаш се залагала и секогаш ќе се залага за слободен пристап до информации и за целосно почитување на професионалните новинарски стандарди.

Доколку се случил каков било проблем за каков што известува порталот Република најостро го осудуваме.

Скопје, 16.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести