Соопштение за јавност
Советот за етика во медиумите потврди дека Гувернерот Димитар Богов нема право да бара санкција за медиум што истражувал кој се крие зад мистериозните инвестиции од Панама и Британските Девствени острови во Македонија.
Советот, одговарајќи на преставка од гувернерот Богов, му посочува дека со тоа што не дава одговори на клучни прашања од интерес на граѓаните и на јавноста, самиот остава простор за шпекулации.
Јасно и недвосмислено Советот за етика во медиумите го констатира тоа што ние како партија постојано го тврдиме дека Богов не одговара на поставените прашања и заборава дека неговата работа е од ЈАВЕН ИНТЕРЕС за граѓаните и дека тој како носител на јавна функција е подложен на јавна критика.
Ваквата одлука треба да го поттикне Богов да одговори на клучните прашања од интерес за граѓаните од коишто и денеска се крие.
Гувернерот на НБРМ Димитар Богов наместо да врши притисок врз новинарите нека ги одговори овие прашања од јавен интерес.
Скопје, 14.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА