Соопштение за јавност
Скапо платените медиуми – огласни табли на Никола Груевски, повторно прават растурена сарма од новинарските стандарди.
Додека се повеќе Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите останати се приклучуваат во широкиот фронт против режимот, Груевски останува осамен.
Преплашен од широкиот фронт за негов пораз, единствено што му останува е да лаже и да манипулира преку куририте. Како и многу пати досега, така и во однос на вчерашното интервју на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Нова ТВ, порталите на власта пишуваат наслови кои немаат врска ниту со текстот, а уште помалку со вистината.
Заев во ниту еден момент во интервјуто не спомена двојазичност на целата територија на Македонија и тоа јасно се слуша од одговорот на прашањето, кој го испраќаме во прилог. Поистоветувањето на познавањето на повеќе јазици со двојазичноста е или елементарно непознавање или тешка манипулација од страна на куририте.
Не постојат спинови на власта кои ќе ги одвратат граѓаните од намерата на 11 декември да му кажат збогум на Груевски, а потоа заедно да ја градиме новата Македонија.
Скопје, 14.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА