fbpx

Кој украде 53 милиони долари на гасоводот?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски е добредојден во Струмица и Куманово лично да се увери и да ги види единствените изградени дистрибутивни системи за природен гас во Македонија.

Физибилити студијата за да покаже физибилност на проектната делница Клечовце – Штип предвидува дека изградбата ќе чини 24 милиони долари, а потрошени се вртоглави 77 милиони долари.

Мисајловски да каже кој и како ќари од оваа разлика во цената?

Во прилог дел од физибилити студијата ја разоткрива неспособноста на власта да реализира проекти за гасификација. Крајниот рок до кога требаше да се осигура снабдување со природен гас на оваа приоритетна делница е 2015-та година. Во 2016-та година власта допрва ќе почнува со изградба.

За 10 години неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ ниту домаќинствата ниту граѓаните дочекаа гасификација на Македонија.

Владо Мисајловски да каже на чија сметка легнаа овие пари или тоа нека го направи Јавното обвинителство коешто има обврска да делува по допрен глас.

После 11-ти декември сигурно ќе се дознаат злоупотребите и инволвираните во незаконски дејствија ќе одговораат.

Скопје, 12.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести