fbpx

Честитка на Заев за Курбан Бајрам: Да дејствуваме за заедничко добро!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во чест на големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го празнуваат.

Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите што го отвораат патот кон мирен, безбеден, среќен, достоинствен живот.

Тоа е сочувството, тоа е љубовта, тоа е мудроста, тоа е трпението, тоа се меѓусебното разбирање и толеранцијата.

Искушенијата пред коишто сме исправени испраќаат порака дека е неопходно попосветено да се насочиме кон заедничкото добро.

Да не стоиме настрана. Да извлече максимум од себе и да дејствуваме.

Потребни сме си себе си. Потребни сме им на нашите деца. Потребни сме и на нашата заедница. Потребни сме и на државата. Оваа е лична мисија на секој човек. Од нејзиното исполнување зависи личната и колективната среќа.

Да продолжиме заедно да создаваме општество на задоволни граѓани.

Честит Курбан Бајрам почитувани сограѓани!

 

Скопје, 12.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести