fbpx

Граѓаните сами гледаат дека каналите не се исчистени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните многу добро гледаат колку се исчистени каналите. Токму затоа и после овие обични врнежи од дожд стравуваа за својата безбедност.

ЈП Водостопанство Скопско Поле во програмата за 2016 презентирана пред Општина Гази Баба се има обврзано дека ќе го исчисти ободониот канал од село Сингелиќ во должина од 1200 метри рачно и машински.

Сосбојата на терен покажува дека ова не е направено.

Поплавите и штетите од поплавите се резултат на несоодветни инфраструктурни решенија, а не на повисока сила која не може да се предвиди ниту спречи.

Сите кои придонеле за ваквото загрозување на животите на граѓаните, ќе одговараат!

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на која животот и безбедноста на граѓаните ќе и биде на прво место.

Скопје, 09.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести