Соопштение за јавност
По 10 години, Министерството за транспорт и врски, дури сега најавува изградба на патишта.
Кога веќе решиле да набројуваат, добро би било од министерството во листата на проекти кои се реализираат да ги додадат и провизиите за кои граѓаните слушнаа од проектот „Вистината за Македонија“ и да известат до каде е реализацијата на овие капитални проекти.
Десетгодишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ резултира со урнисани патишта, а инвестициите во патната инфраструктура се незначајни. Тоа го потврди и Европската унија која дури 39% проценти од патиштата ги оцени како лоши и небезбедни.
По 11 декември доаѓаат промените. Парите ќе се трошат исклучиво за потребите на граѓаните и тие ќе се возат по нови и безбедни патишта.
Скопје, 09.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА