fbpx

На денешен ден лани Груевски вети лекар во Пчиња, до денес лекар нема!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешен ден пред точно една година при посета на селото Пчиња во Куманово, Груевски им вети на жителите дека ќе им обезбеди лекар!

Една година по посетата, жителите на Пчиња се уште мораат да патуваат неколку километри за да добијат основни здравствени услуги.

Груевски и неговиот послушник Тодоров нормално заборавија што ветија во Пчиња. Бидејки тие се занимаваат со проблемите на граѓаните само пред камери.

Иако имаат реални проблеми, жителите на село Пчиња останаа само уште едни од низата измамени граѓани.

На 11 декември доаѓа нова, одговорна Влада којашто ќе се грижи на потребите на граѓаните во Македонија. Жителите на Пчиња ќе добијат и лекар и се друго што им е неопходно, а за што нема слух оваа власт.

Скопје, 03.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести