Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ после 10 години неодговорно владеење со државата најавува дека почнувале да проектираат пруги.
Пруги досега требаше да бидат изградени!
Македонија е вратена на состојба од пред 143 години во меѓународниот сообраќај.
Оваа неодговорна власт не е способна ни обично планирање да изведе.
Прво се прави пруги, па потоа се набавуваат нови возови.
А и бројката на влечни средства е намалена на 17 денес, во споредба со 2005 кога имало дури 39.
Неспособната власт освен што ја направи Македонија железнички изолирана земја нека одговори:
Зошто дозволиле да се намали приходот и кај товарниот и кај патничкиот сообраќај?
Сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и лажните “инвестиции” во железницата ја однесоа Македонија во пропаст и изолација.
ВМРО-ДПМНЕ проектира, но го проектира поразот на изборите на 11-ти декември.
Скопје, 03.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА