Соопштение за јавност
Има ли учебници за сите ученици? Нема.
Има ли клупи и столчиња за сите ученици? Нема.
Има ли обезбеден превоз за сите ученици? Нема.
Има ли доволно простории во сите училишта? Нема.
Пуштено ли е во употреба училиштето во Хром? Не е пуштено.
Дали во поплавените училишта во Арачиново и Страчинци има услови за настава? Нема.
Знaчи, Спиро Ристовски ја излажа јавноста во Македонија. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери да ги манипулираат граѓаните.
Граѓаните знаат, учебната година почна без учебници, клупи, столчиња и со обемни неефикансни наставни програми.
Штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ ги тераат младите да ја напуштаат земјата.
Никола Груевски и Спиро Ристовски ќе се соочат со одговорноста за образовниот и младински егзодус во Македонија.
Скопје, 03.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА