fbpx

Ристовски излажа, не е се подготвено за почеток на учебната година!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Спиро Ристовски вчера ја излажа македонската јавност дека се е подготвено за почеток на новата учебната година!

На 1-ви септември е јасно дека не е се подготвено.

Не се отворени ниту ветените нови училишта. Новото училиште во Хром не е отворено, иако Спиро Ристовски и Емил Димитриев им даваа лажни ветувања на родителите дека децата ќе ја започнат учебната година во ново училиште.

Во повеќе училишта како што се во крушевско Норово и тетовската гимназија децата учат во мизерни услови, а родителите протестираат или најавуваат протести.

Се уште ги нема сите учебници, училиштата не се снабдени со сите нови учебници.

Дополнителен проблем се училиштата кои беа погодени од поплавите. Училиштето во Арачиново допрва ќе се бојадисува, а во руинираното училиште во Страчинци нема основни услови за настава.

Министерот за образование Пиштар Љутфиу и неговиот заменик Спиро Ристовски се најодговорни за тоа што не е се подготвено за почеток на учебната година!

На граѓаните на Република Македонија им е доста од лажните ветувања и пропагандните илузии на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Новата влада на СДСМ ќе создаде достојни услови за одвивање на наставата во сите училишта.

Оваа учебна година ќе заврши без екстерно тестирање, со посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители.

Скопје, 01.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести