Соопштение за јавност
На неполн ден откако осомничениот Никола Груевски ја потпиша и последната капитулација и стави потпис за избори на 11 декември, уште еднаш покажува дека тој не само што не е решение за проблемите, туку нивниот извор.
Груевски, кој со месеци нема никаква државна функција, денеска повторно ги понижува министрите и градоначалниците принудувајќи ги да му даваат отчет.
Груевски нема кредибилитет ниту овластување за некој нему да му дава отчет. Груевски е тој кој ќе даде отчет за сработеното, но пред истражните и судските органи и ќе одговара за целиот криминал.
Никола, не си веќе премиер! Престани да ги злопотребуваш државните институции за твојата партиска кампања! Разбери, државата не е партија!
Ги предупредуваме министрите од владата кои му реферираа на Груевски во „Триумфалната порта“ дека ја злоупотребуваат службената положба, што еуште едно кривично дело за кое ќе одговараат!
Министрите Спасов, Мисајловски и Канческа – Милевска се платени да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да учествуваат во партиска кампања во работно време!
Груевски ќе одговара. И пред надлежните судови и пред судот на граѓаните на изборите на 11 декември.
Казната доаѓа. Македонија победува!
Скопје, 01.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА