fbpx

Чавков од МВР прави агенција за обезбедување поранешни функционери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за внатрешни работи МиткоЧавков продолжува да и служи нафамилијата на власт наместо на граѓаните што го плаќаат. Со најновите измени на Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат, поранешнитефункционери ќе добијат право на лично обезбедување „за времетраење на опасноста“.

Нам и на целата македонска јавност ни е јасно дека по долги години криминално владееење следува период на страв од сопствениот народ. Јасно ни е дека поранешниот премиер Никола Груевски и неговите блиските поранешни функционери се плашат да излезат на улица меѓу луѓе без бодигарди поради гневот на ограбените граѓани. Грев е и перверзија, некој што само за очила за сонце има 60.000 евра, да дозволи осиромашениот народ да му ги плаќа стравовите.

Со ваквата уредба Чавко вго претвора МВР во Агенција за обезбедување на поранешни и моментални функционери, се разбира од владеачката коалиција.

Чавков треба да и објасни на јавноста кои се критериуми за оценка на степен на опасност по „физичкиот интегритет“ на Груевски и тајфата бивши функционери?

Ние сме убедени дека единственото од што треба да се плаши Груевски е правдата.

Таа ќе го стигне, со или без полициско обезбедување.

Скопје, 30.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести