fbpx

Модерни автопатишта ќе изгради новата Влада, доцна е за Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓанинот Никола Груевски нема што да бара на автопатишта, ниту да се дообјаснува. Новата одговорна Влада што ќе ја изберат граѓаните ќе го доврши автопатот Демир Капија – Смоквица и посветено и професионално ќе се посвети на сите проблеми што ги напласти актуелната несериозна власт.

10 години Груевски седеше во премиерската фотеља и успеја да изгради само 7 километри автопат! 4 години досега се гради Демир Капија – Смоквица, за којшто граѓаните денеска слушнаа дека ни овој септември нема да бил готов. И тоа токму од најдиректниот виновник за нерешените елементарни потреби на луѓето, Груевски, под чијашто власт се случија и контроверзиите со исплати во кеш токму за изградбата на овој автопат, којшто одзеде изминатите години и многу човечки животи.

Модерна современа инфраструктура е еден од главните приоритети во Програмата на СДСМ со што ќе ги заштитиме животите на граѓаните по патиштата и ќе обезбедиме развој на Македонија.

26.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести