fbpx

Лоша сатира на Агенцијата за медиуми за ад-хок телото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Реакцијата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во која ад хок телото за следење на медиумското претставување го нарекува „упад во нивната независност“ ја сметаме за лоша сатира.

Ова е уште една потврда за чии партиски интереси и под чиј диктат работи и тоа најдобро покажува кој и зошто не сака да има независни тела за мониторинг на медиумите во Македонија.

Јавноста многу добро знае дека токму поставувањето на партискиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Трајчевски за директор на ова регулаторно тело е упад во независноста на Агенцијата за медиуми.

Тоа не е констатација само на СДСМ. А за успесите на Агенцијата за медиуми наместо да упатуваат на нивниот официјален сајт, подобро е да ги прочитаат сите релевантни меѓународни извештаи за медиумските слободи во Македонија.

Повторуваме дека доколку Агенцијата за медиуми работеше независно и без влијание на власта, немаше ниту да постои потреба да се формира ад хок тело.

Надлежностите на ад хок телото се кристално јасно дефинирани во законот и го повикуваме Зоран Трајчевски да ги игнорира партиските наредби што ги добива од Груевски за минирање на ова тело и да се однесува согласно законите.

Исто така го повикуваме Трајчевски да не се обидува да вмешува други државни институции во работата на ад хок телото зашто единствено четирите членови на привременото тело се надлежни да го изберат петтиот член.

Скопје, 25.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести