fbpx

Спорниот тендер од 250 милиони евра Министерството за одбрана треба да го поништи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерството за одбрана треба веднаш да го поништи сомнителниот тендер за набавка на опрема, тежок 250 милиони евра.

Ваква набавка мора да биде спроведена многу посериозно, особено имајќи ја предвид лошата положба на војниците и нивните основни потреби.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски десет години ја разнебитува одбраната и целосно го сруши достоинството на војниците.

Нашиот професионален војник и офицер има потреба од најосновна опрема и услови за тековно функционирање, кондури, ќебиња, чизми, униформа, основен алат за работа.

Окоплните возила се дамнешна потреба на АРМ но тендерот за набавка на истите во вредност од 250 милиони евра има многу спорни моменти.

Единствен критериум при набавката на транспортерите е само цената. Нема ништо во однос на квалитетот и техничките карактеристики на возилата, одржување, сервисирање и резервните делови за опремата.

Ја нема можноста за ангажирање на домашни капацитети во понатамошно одржувањето на возилата.

Најспорна е предвидената исплатата на возилата да се одвива во периодот од 2018 до 2026 година. Значи ВМРО-ДПМНЕ нема средства за исплата во моментов и оваа обврска ја остава на идните влади.

Тендерот треба да се поништи и треба да се изработи техничката спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката, зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но и ангажирање на дел од домашнната индустрија во изработката и одржувањето на возилата.

 

Скопје, 25.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести