fbpx

Спасовски од Крушево: Преку бизнис инкубатори до нови можности за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска е во посета на општина Крушево и околните населени места, во Дебреште и Црнилиште.

Граѓаните од општина Крушево во разговор со Спасовски се пожалија на големата невработеност и на масовна иселеност на младите од овој регион, пред се заради погрешните политики и негрижата на власта на Груевски и ВМРО ДПМНЕ за младите.

– Младите од овој регион се целосно заборавени од оваа власт. Ја уништија иднината на Крушево и го направија град без млади. Невработеноста го „јаде“ овој регион и затоа мора нешто да се промени, револтирано зборуваа младите од Крушево.

Генералниот секретар Спасовски рече дека новата влада предводена од СДСМ ќе отвори реални перспективи за младите и ќе ги интегрира во општеството.

– Младите ќе бидат бидат во фокусот на новата демократска влада предводена од СДСМ. Младите ќе учествуваат во креирање на иднината на нашата држава. Програмата на СДСМ има повеќе мерки за поддршка на младите преку отворање нови работни места. Со проектот бизнис инкубатори предвидуваме доделување 10.000 евра за отворање сопствен бизнис. Само со шанси за работа на младите, ќе ја изградиме иднината на Македонија, рече Спасовски.

Жителите од другите населени места се пожалија и на лошата патна инфраструктура, невработеноста и проблемот со одводните води. Велат дека со години ништо не е изградено, ниту пак се задоволени потребите на граѓаните.

Скопје, 24.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести