fbpx

Средба Заев Безак: Очекувам лидерска средба на 31 август и избори во декември

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.

Актуелната политичка ситуација во земјава и текот на реализацијата на преземените обврски за регуларни избори на Македонија беа главна тема на состанокот.

– Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31 август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев соопшти дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оцени дека според расположението на терен и анкетите тоа ќе бидат Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата.

– СДСМ е постојано на терен, ги знаеме сите проблеми во државата и имаме конкретни, реални и одржливи мерки како да обезбедиме добар животот за луѓето и перспектива на државата. Со голем дел од нив граѓаните веќе се запознаени и даваат безрезервна поддршка на промените што ќе се случат, додаде претсеадтелот Заев.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија изрази надеж за демократски избори во Македонија што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ.

24.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести