fbpx

СДСМ: Мицкоски го блокираше Скопје заради пропаднатите бизнис интереси со Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Мицкоски го блокираше Скопје заради пропаднатите бизнис интереси со Арсовска

Џабе му е на Христијан Мицкоски да се правда и дистанцира од Данела Арсовска, за хаосот што му го приреди на Скопје.

Граѓаните немаат заборавено и многу добро паметат дека токму Мицкоски лично, со помпа ја промовираше Арсовска како „независен кандидат и најдобар менаџер“.

На Мицкоски му одговараше Арсовска како извршител, се додека не му пропаднаа бизнис зделките.

Мицкоски е тој што го стави Скопје во заложништво на неговата и неспособноста на ДПМНЕ и нивните лични кавги и пресметки со Арсовска.

Тој е директен виновник за хаосот во Скопје – за тоа што градот е претворен во една голема депонија затрупан со ѓубре, со дотраен јавен превоз, со токсичен воздух.

Мицкоски и неговата ВМРО ДПМНЕ четири години го блокираат Градот Скопје.

Граѓаните знаат дека токму советниците на ВМРО ДПМНЕ и претседателот на Советот го држеа градот блокиран. Лично, по налог на Мицкоски ниту една мерка, ниту еден проект во интерес на граѓаните не беше изгласан. 26 пати ја блокираа набавката на автобуси и ги оставија скопјани со нефункционален јавен превоз.

Денес, кога граѓаните плаќаат висока цена за тоа политичко пазарење, Мицкоски се обидува да ја префрли вината.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот виновник за катастрофата што му се случува на главниот град. Скопјани се жртви на нивната незаинтересираност и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска.

СДСМ најостро го осудува ваквото однесување – Скопје мора да се ослободи од заложништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Нема да се откажеме од бробата Скопје да добие одговорно и ефикасно раководство кое ќе работи во интерес на сите граѓани, а не за лични и партиски договори зад затворени врати.

Последни вести