fbpx

Без задолжувања може да се обезбедат 55 милиони евра за поплавените!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Искористувајќи ги поплавите и судбините на семејствата од поплавените подрачја, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски предложија ребаланс на буџетот.

Освен пренамената на 33 милиони евра за отштета, кои патем без срам изјавија дека ќе ги обезбедат од ново задолжување, дополнително ВМРО-ДПМНЕ се обидува да си обезбедат 232 милиони евра за предизборна корупција.

Никола Груески неуспешно се крие зад потписот на директорите на АД ЕЛЕМ и на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

Средствата за Рајската Градина и за Панорамското тркало се прелеани во буџетите на овие две компании, кои се во целосна сопственост на граѓаните на Република Македонија.

Тие 33 милиони евра се сопственост на сите граѓани.

Заедно со 20-те милиони евра од четвртата еврообврзница, планирани за бегалската криза, кои не се потрошени, сумата која може да се обезбеди без никакви дополнителни задолжувања е најмалку 53 милиони евра за помош на настраданите во скопскиот и тетовскиот регион.

Република Македонија нема веќе простор за нови задолжувања.

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на Агенцијата ФИЧ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали.

Колку за споредба кредитната агенција Стандард&Пурс веќе двапати во изминатите 8 години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога не ни беше почната политичката криза во Македонија.

Само оваа Влада со своите погрешни економски политики е виновна за состојбата во која се наоѓаат сите граѓани на Р. Македонија. За оваа Влада БАРОКОТ е пред интересите и проблемите на ГРАЃАНИТЕ.

Затоа на Македонија и се потребни демократски промени и нова, чесна и одговорна власт на којашто врвен интерес ќе и бидат граѓаните.

Скопје, 21.08.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести