fbpx

Филипче: Александар Трајановски е вистинскиот избор за Аеродром, човек со почит и одговорност кон граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Александар Трајановски е вистинскиот избор за Аеродром, човек со почит и одговорност кон граѓаните

ВМРО ДПМНЕ покажа дека нема план и капацитет за развој на државата ниту на централно, ниту на локално ниво, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во општина Аеродром. Тој укажа дека е потребно ред, одговорност и работа за граѓаните, но и контрола на власта.

„Потребна е силна контрола на власта и локални тимови што испорачуваат – кандидати со интегритет и конкретни решенија, каква што е Каја Шукова во Скопје и д-р Александар Трајановски кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Аеродром“,изјави Филипче.

Во изјавата тој посочи дека Трајановски е човек со интегритет, кој ги знае потребите на граѓаните, а неговата програма нуди решенија кои одговараат на потребите на жителите на Аеродром.

„Александар е единствениот вистински избор, човек со интегритет, чесен, работлив кој секогаш бил на висината на задачата што и да работел. Го познавам лично и знам дека оваа убава но за жал целосно запуштена општина ќе ја претвори во урбан и зелен рај како што заслужува да биде. Во изминатите четири години Аеродром беше целосно уништен од неспосбниот Муцунски а потоа и од наследникот кој не направи ништо. Жално е да се гледа колку е полно со смет, неискосени тревници и целосно уништена урбана опрема. Александар има програма која може да ја исполни и ќе ги реши клучните проблеми“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести