Соопштение за јавност
Граѓаните на Република Македонија немаат доверба во ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски поради погрешните политики и криминалните активности што ги спроведуваат.
Последното истражувањето што го спроведе европска агенција за испитување на јавното мислење, Евробарометар, покажува дека дури 62% од граѓаните не и веруваат на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и сметаат дека моменталната состојба е лоша.
Од друга страна, расте довербата на граѓаните во Европската унија.
Лошатата финансиската состојба на граѓаните, невработеноста, немањето просперитет, оддалечувањето од интеграциските процеси и лошите услови за живот се главните причини за недовербата во владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е очекувано имајќи в предвид дека криминалната власт во заминување ја оддалечи Македонија од евроинтегративниот пат, ги осиромаши граѓаните, мислејќи само на сметките од рајските даночни дестинации.
Јасно е. На Македонија и се неопходни демократски промени за подобар живот и промените ќе се случат на следните кредибилни избори.
Скопје, 17.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА