Писмо со сочувство по повод трагичните настани за време на поплавата во Скопје до претседателот на СДСМ, Зоран Заев од претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев
Во писмото, меѓудругото, се вели:
„Со голема загриженост ја примивме веста за настраданите и повредените, како и за значителните штети предизвикани од големите поплави. Со длабока тага изразуваме искрено сочувство.
Се надеваме дека сите оние коишто беа повредени и коишто беа зафатени од катастрофата ќе имаат брзо закрепнување.
Горди сме што Социјалдеморкатскиот сојуз организира хуманитарна акција за погодените подрачја. Со тоа покажувате голема солидарност.
Ве уверуваме дека ПЕС се солидализира со СДСМ и со сите граѓани на Р. Македонија. Како и секогаш, Европските социјалисти и демократи повикуваат на поголема соработка помеѓу земјите на ЕУ во превенција на вакви катастрофални појави.”