Соопштение за јавност
Во интервјуто за една партиска телевизија вчеравечер гувернерот Богов соопшти дека со издавањето на евообврзницата, во моментов јавниот долг изнесува 50 проценти од БДП.
Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ.
Со ова Богов ги разобличи манипулациите на Миновски кој ден претходно на Веб страницата на Министерството објави намалување на јавниот долг.
Власта на Груевски со најновото задолжување од 450 милиони евра преку еврообврзницата го качи јавниот долг на историски највисоко ниво досега.
Сите инволвирани во издавањето на незаконската еврообврзница и во другите неразумни задолжувања што влијаат на зголемување на јавниот долг на 50% од БДП, ќе одговараат.
Скопје, 31.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА